Упатството за Доверба и Безбедност на Варп Спарклс е последен пат ревидирана на дата: 01-11-2018
Верзија 1

Упатство за Доверба и Безбедност

Приоритет на Варп Спарклс е долгорочна и одржлива доверба и лојалност која обезбедува безбеден систем на взаемна соработка за споделување на последните трендови на вештини и знаења. Ова е овозможено од тренери подготвени за споделување на вештини и студенти посветени за надградба на своите знаења. Варп Спарклс се темели врз основните вредности на оваа интерактивна размена. Ние сме посветени на градење на заедница од експерти спремни за претстојната индустриска револуција. Живеејќи и подржувајќи ги овие вредности, ние продолжуваме да создаваме просперитетен, одржлив пазар каде што секој може вистински да го изгради животот и кариерата што го замислува преку онлајн едукација.

  1. Кој ја формира нашата заедница?
    • Студентите, посветени за добивање на нови и надрградба на постоечките знаења, кои што имаат пристап до голем број на теми од експерти кои ги практикуваат овие вештини во професионалниот свет на дневна основа.
    • Тренерите, се инспиративна група на експерти која сака да споделува. Тие се тука за Вас поради можноста да го споделат своето искуство преку едноставна и пријателски настроена платформа за тренинг и едукација достапна 24/7 користејќи алатки прифатливи и разбирливи од голем број на аудиториум.
  1. Кои се основни правила?
    • Не спамирај!
      • Студентите ја користат веб страната за да имаат безбедно и ангажирано искуство во едукацијата,
      • Тренерите откако ќе се најдат на веб страната, не се обидувајте да продавате други производи или да се спамате меѓусебно со барања и понуди.
    • Не го злоупотребувај системот! – Не барајте дупки во политиките
      • Тренери: Не ги насочувајте Варп Спарклс студентите подалеку од платформата. Ние сакаме студентите да растат и да ги надминат вештините на своите тренери. Тука нема конкуренција, сите добиваме, а кога го злоупотребувате системот, целата заедница губи.
      • Студентите: Не вознемирувајте ги тренерите со непотребни коментари на нивните курсеви, не прашувајте за развој на дополнителни бесплатни курсеви или лажно коментарате на нивните курсеви во замена за нешто. Заедницата се потпира на здрава интеракција помеѓу студентите и тренерите, како и чесни повратни информации од студентите за да се разбере кои курсеви се соодветни за Вас, а за кои е потребно дополнителна модификација и развој.
    • Бидете професионалци!
      • Ние сме чесни, внимателни  и почитуваме. Биди и Вие позитивен член на оваа професионална заедница. Никогаш не прашувај за лични информации, ниту поставувајте неоригинални содржини за свои бенефити. Не дискриминирајте, од секого може да се научи нешто ново, сепак така Еволуираме.
    • Пријави ако гледаш
      • Ако нешто гледате или го доживувате како навреда, а за истото не сте сигурни дали е согласно нашите правила и политики, пратете ни e-mail на info@warpspakles.com. Нашиот тим ќе одговори на Вашите прашања и ќе утврди дали има кршење на нашите политики. Ние сме тука за да Ви помогнеме да ја разберете нашата политика и да одржиме взаемна успешност
  1. Што се случува кога има кршење на нашите политики?
    • Разбираме дека секој прави грешки, а понекогаш, едноставно не знаете што е правилно а што не е. Затоа, во случај на прво прекршување на нашите политики, ќе добиете само предупредување “Искра 0”. Ќе Ви посветиме особено внимание за да Ви помогнеме подобро да ги разберете нашите политики и да научите како да не го повторите прекршокот. Исто така на ваше барање, сме отворени да зборуваме со Вас директно за да ви помогнеме подобро да разберете што е правилно а што не е. Очекуваме да бидете проактивни во разбирањето и следењето на нашите политиките. Ако видиме друг прекршок на било која од нашите политики, ќе има потешки последици во форма на “искри". Секоја искра е запишан во нашиот систем, а Корисниците кои постојано ги кршат политиките на крајот ќе бидат отстранети од платформата на Варп Спарклс. Имајте предвид дека ние го задржуваме правото да ги ескалираме искрите врз основа на сериозноста на прекршокот. Ние ќе правиме проценка на прекршоците на шестмесечна основа. Погледнете ги нивоата на искри:
      Искра 0 Предупредување
      Искра 1 Блокирани курсеви во рок од еден месец
      Искра 2 Суспендирана корисничка сметка + избришана содржина на корисникот