Елена Блажевска

Дипломиран економист по интернационална трговија со над 10 годишно работно искуство во областа на бизнис планирање и стратегија, ланец на набавки и логистика.

Претприемништво и е во гените, а низ сите овие години се докажа како професионален и инспиративен лидер и ментор со голема толерантност и несебична волја за споделување на стекнати знаења.

Аналитична, креативна, вљубеник во дигитализација и технолошки пронајдоци, личност која во секое време можете да ја консултирате за различни едукативни теми:

  • бизнис планирање, логистика и операции во ланецот на набавки

  • оптимизација на работен капитал

  • процесно мапирање и континуирано подобрување на процеси

  • инкотермс комерцијални трговски услови и

  • Excel


elena@warpsparkles.com

+389 70 328 787

Елена Блажевска

Мартин Михаиловски

Има над 8 години искуство во областа на Front End Development и дополнителни 4 години како PHP Developer.

Изобилува со огромно професионално искуство стекнато преку многубројни локални и фриленс проекти, покрај редовното полно работно време во една реномирана компанија во Македонија.

Докажан лидер и ментор кој делува проактивно со јасни и ефикасно дефинирани насоки.

Самоиницијативност, мулти таскинг и креативност се само неколку од вештините со кои може да се пофали, а е вистински пионер кога станува збор за нови технологии и трендови.

 Во секое време, можете да го побарате за консултации околу:

  • Менаџирање со датабази

  • Развој и дизајн на софтвер

  • Имплементација на нови технологии


martin@warpsparkles.com

+389 71 333 194

Мартин Михаиловски

Кристина Велевска

Oвластен лектор и јазичен редактор по македонски јазик. Приредувач е на три поетски антологии. Има учествувано на неколку државни и регионални лингвистички конференции.

Посетувала семинари на различни теми: административно работење во граѓански организации, пишување ефективни стратегиски документи за јавни политики, стратегиски менаџмент на граѓански организации, нови медиуми и интернет активизам.

Одржала неколку работилници за новинарско и креативно пишување за студенти членови на организацијата „Излез“

  • 2012 година во Скопје го организирала настанот „Нашиот јазик – наше богатство“ во рамките на кампањата „Позлати го животот!“

  • 2012 до 2015 година била активист во граѓанската организација „Излез“ и новинар и лектор на истоимениот интернет-портал

  • 2015 досега работи во издавачката куќа „Антолог“ како лектор и јазичен уредник

Можете во кое било време да ја побарате за преводи од српски, од хрватски и од англиски јазик.


kristina.velevska90@gmail.com

+389 78 290 745

Дејан Тодоровски

Поседува богато 20 годишно работно искуство во интернационални компании и носител е на еден од најпрестижниот светски сертификати од оваа област, CIPD – “Chartered Institute of Personnel Development", intermediate certificate level 5 in Learning and Development.

Learning and Development (L&D) не е привилегија, впрочем е потреба за секоја компанија. Со обуките на Дејан ќе научите повеќе за креирањето и развивањето на Learning & Development практики насочени кон поддршка на учењето, растот и развојот кај вработените во секој тип на компанија, фирма, индустрија.

Во секое време можете да го барате за консултации околу:

  • Професионален развој на вработени

  • Лидерство

  • Управување со перформансите

Дејан држи обуки за L&D преку опцијата вебинар на Варп Спарклс. Доколку имате интерес за овој настан, директно јавете се во Варп Спарклс.  


todorovski.dejan@gmail.com

+389 71 277 762

Дејан Тодоровски

Моника Лешниковска

Магистер по Деловно и Трудово право со особено искуство во делот на човечките ресурси кое вклучува регрутација, развој, воведување,  креирање на политики/процедури и акти од областа на трудовото право. Се стреми кон целосно спојување на правото со човечките ресурси на креативен, иновативен начин со посебен акцент на развојот на луѓето/вработените во една организација.

Водејќи се од мотото дека степенот на влијание на одредена ситуација е правопропорционален од нашата реакција на ситуацијата, го почитува фактот дека луѓето се предводени од перцепција и емоции, што придонесува кон успешно менаџирање на човечките ресурси во организацијата, висок степен на разбирање на она што се крие зад постапките и зборовите, како и соодветно совладување на предизвиците.

Цврсто верува дека не постојат проблеми на работното место, туку само предизвици. Вложувањето во себе е единствената активност од која човекот не губи ништо, туку само добива. Го цени неформалното образование, несебичното пренесување на знаење, психологијата на личност, храброста да се биде уникатен.

Личност секогаш спремна за консултации за:

  • Човечки ресурси низ призмата на правото

  • Технички за успешно интервју

  • Самомотивација и мотивација во организација


lesnikovskam@gmail.com

+389 71 787 762

Леонида Ризаова

Дипломиран Туризмолог од Скопје. Јутубер, претприемач и коосновач на неколку компании од областа на туризмот и неформалната едукација.

Неформалното образование и личниот развој се најнов предизвик што го презема: пишува и истражува иновативни пристапи за учење од пазарот, со крајна цел да ги инспирира младите луѓето да ја искористат својата шанса во професионалниот свет.

Нејзиното искуство опфаќа работа во медиумски проекти и на јавни настапи од раното детство, а во текот на средното образование се вклучува во невладиниот сектор, каде е активна повеќе од 16 години. Кариерата во туристичкиот сектор ја започнува како водич, а ја завршува како организатор на тури во 11 земји. Таа е страствена да го сподели знаењето што го стекнува во рамки на секој нов проект.

Личност секогаш спремна за консултации за:

  • Емоционална Интелигенција

  • Родителство и воспитување

  • Бизнис прашања во областа на туризмот


leonidabassa@gmail.com

+389 77 859 706

Леа Ризаова

Анета Јанкуловска

Ветеринарен техничар од факултетот за Биотехнички науки што одлично се пронаоѓа во областите на информатиката и успешно ги користи информатичките технологии.

Има земено учестуво на два симпозиуми од страна на факултетот во Пловдив (Р. Бугарија) и Чачак (Р. Србија). На двата симпозиуми се преставени трудови од областите на Маркетинг на Анимални Производи и Производство и Контрола на Анимални Производи.

Пишувањето и е најголемо хоби. Ужива во давањето помош и знаење, а обожава да им помага на студенти, ученици и средношколци како во наставата така и во изработката на презентации и проекти. Видео презентации и видео обуки и се дел од секојдневието.

Како тимски играч, нејзината цел е природните науки да ги преточи во едукативни курсеви за студентите, средношколците и поширок аудиториум, како тие би се запознале и би стекнале одредено практично познавање.

 Личност секогаш спремна за консултации за:

  • Природни Науки (Биологија, Биохемија, Хистологија)

  • Друштвени науки (Демографија, Географија)


anetajankulovska@yahoo.com

+389 76 807 381

Нина Мемет

По професија е техничар за транспорт и шпедиција, а во животот се доусовршува како лингвист и полиглот со солидно работно искуство во областа на јазици.

Од нејзините професионални искуства се издвојуваат:

  • Продажба и аквизиција на потенцијални клиенти

  • Поддршка на корисници користејќи англиски, германски и шпански јазици

  • Долгогодишен тренер во центар за корисници

Секој ден активно користи неколку странски јазици како англиски и шпански, а германскиот јазик и е омилен бидејќи е дел од нејзиниот приватен живот уште од многу мала возраст.

Позитивна, коминикативна и лојална. Може да ја контактирате за било какви прашања со:

  • Германски, шпански и англиски јазици

  • Поддршка на клиенти и корисници


1997nina11@gmail.com

+389 77 977 009

Елена Илијовска

Дипломиран филолог по италијански јазик и книжевност. Голем обожавател на странски јазици и култури. Има долгогодишно работно искуство стекнато преку соработка со италијански клиенти на различни проекти. Јазикот го има усовршено со секојдневна комуникација преку поддршка на корисници, примарно на италијански јазик, а следствено и на англиски и хрватски јазик.

Нејзиниот мотив  е да го пренесе знаењето преку интересни презентации за италијанската култура и јазик. Покрај италијанскиот, активно го говори англискиот и хрватскиот јазик, а дополнително го изучува и германскиот јазик.

 Личност секогаш спремна за консултации за:

  • Приватни часови по италијански јазик

  • Преводи од италијански кон македонски и обратно

  • Поддршка на клинети и корисници


elenamk@live.com

+389 76 310 992