Политиката за Приватност на Варп Спарклс е последен пат ревидирана на дата: 01-11-2018
Верзија 1

Политика за Приватност

Ви благодариме што пристапивте на најголемиот пазар за онлајн едукација. Ние во Варп Спарклс ДОО (“Варп Спарклс", “ние", “нас", и “нашите") ја почитуваме вашата приватност и сакаме да разберете како собираме, користиме и споделуваме податоци за вас. Оваа Политика за приватност ги опфаќа нашите практики за собирање податоци и ги опишува Вашите права за пристап, корекција или ограничување на користењето на Вашите лични податоци. Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на лични податоци.

Оваа Политика за приватност се применува кога ја посетувате или користите веб-страната www.warpsparkles.com, електронските услуги, нашите социјални мрежи и испратените електронски пораки од нас. Со пристапување или со користење на нашата веб страна, Вие се согласувате со условите на оваа Политика за приватност и Правилата и Условите на нашата страна. Вие не треба да ги користите Услугите ако не се согласувате со оваа Политика за приватност и Правилата и Условите на нашата веб страна. Варп Спарклс го задржува правото во било кое време да измени или прекине било кој аспект од Политиката за Приватност. Ако Варп Спарклс направи суштински промени во Политиката за Приватност, ќе ги извести Корисниците за промената на соодветен начин, преку објава на известување за промена на веб страната. Секој Корисник се согласува редовно да ја посетува www.warpsparkles.com за да дознае за такви промени. Секое користење на веб страната ќе се смета дека претставува прифаќање на последните промени на Политиката за Приватност од страна на крајниот Корисник.

Мора да сте ја достигнале возраста на согласност за онлајн услуги во вашата земја за да ја користите веб страната www.warpsparkles.com, во спротивно Ви е потребна согласност од родител или старател. Ако сте уверени дека сме складирале лични податоци од некој под применливата возраст за согласност во вашата земја, без согласност од родител или старател, Ве молиме да нè известите со помош на методите кои се опишани во делот Контактирајте нè, па ќе ги преземеме соодветните мерки за истражување и брзо решавање на проблемот.

  1. Какви податоци се собираат и складираат ?

Ние директно собираме одредени податоци од Вас, како информации што ги внесувате и податоци за Вашето учество во курсеви. Ние, исто така, собираме некои податоци автоматски, како информации за Вашиот уред со кои комуницирате или трошите време за користење.

  • Податоци што ни ги давате

Ние можеме да собираме различни податоци од Вас или за Вас во зависност од тоа како ја користите веб страната. Подолу се дадени неколку примери кои ќе Ви помогнат подобро да ги разберете податоците што ги собираме. Кога креирате сметка и ги користите услугите, ние собираме податоци што ги давате директно, вклучувајќи:

Корисничка сметка За да користите одредени функции (кои се запишуваат во курсот), треба да креирате корисничка сметка. Кога ја креирате или обновувате Вашата сметка, ги собираме и чуваме податоците што ги давате, како што е Вашата е-адреса, време на регистрација и доделен единствен идентификациски број.
Податоци за профилот Исто така, одбирате да обезбедите информации за профилот како име и презиме, интереси, пол и дата на раѓање, адреса на живеење. Вашите податоци за профилот ќе бидат видливи само од администраторите.
Курс дата Кога ќе се запишете и ќе ги преземете курсевите, собираме одредени податоци вклучувајќи ги и кои курсеви, статус на курс, време на почеток и завршување на курсот, задачи и квизови што ги започнавте и завршувате; одговори на прашања и други предмети поднесени за да ги задоволат барањата за курсот.
Податоци за плаќање од клиент Ако правите купувања, ние собираме одредени податоци поврзани со вашето купување (како што се Вашето име и презиме и адреса на живеење) потребно за да ја обработиме Вашата нарачка и да генерираме фактура. Мора да обезбедите одредени податоци за исплата и фактурирање директно на нашите партнери за обработка на плаќања (Интернационален картичен систем АД Скопје), вклучувајќи го Вашето име и презиме, информации за кредитна картичка, податоци за банка. Варп Спарклс не собира и складира податоци за кредитните картички.
Податоци од тренер Ако сте тренер, при склучување на договор за соработка со Варп Спарклс,  приложувате одредени информации како: банкарска сметката за исплата, единствен матичен број, адреса на живеење и потпис. Дополнително при регистрација на тренер, се приложуваат одредени информации како: име и презиме, адреса на живеење, ниво и насока на образование, искуства, познавање на странски јазици и контакт информации. Варп Спарклс не собира и складира податоци за тренер, истите се предмент на е-маил комуникација.
Промоции и анкети Можеме да Ве поканиме да пополните анкетата или да учествувате во промоција, како и преку услуги или платформа на трета страна. Ако учествувате, ние ќе ги собираме и чуваме податоците потребни за учество. Овие податоци се предмет на оваа Политика за приватност, освен ако не е поинаку наведено во официјалните правила на анкетата и промоцијата. Собраните податоци ќе се користат за администрирање на промоцијата или истражувањето, вклучително и за известување на победниците и дистрибуција на награди. За да добиете награда, можеби ќе треба да ни дозволите јавно да објавиме некои од вашите информации. Онаму каде што користиме платформа на трета страна за администрирање на анкета или промоција, ќе се применува политиката за приватност на трети лица.
Споделена содржина Делови од услугите ви овозможуваат да комуницирате со администраторите и тренерите преку поставување или одговарање на прашања, вклучително и преку објавување прегледи на страната на курсот, или објавување фотографии или друга работа што ја испраќате. Таквата споделена содржина може да се гледа само од лицата со кои контактирате (администраторите и тренерите).
Комуникација и поддршка Ако контактирате со нас за поддршка или да пријавите проблем или загриженост (без оглед дали сте креирале сметка), ги собираме и чуваме Вашите информации за контакт, пораки и други податоци како: име и презиме, електронска пошта и сите други податоци  што ги собираме преку автоматски средства (наведени подолу). Ние ги користиме овие податоци за да ви одговориме или да направиме дополнителна истрага за Вашето прашање или загриженост, во согласност со оваа Политика за приватност.
  • Податоци кои ги складираме со помош на Автоматски системи

Кога ќе пристапите до веб страната собираме одредени податоци со помош на автоматски системи, вклучувајќи:

Системски податоци Технички податоци за Вашиот компјутер или уред, како што се вашата IP адреса, тип на уред, тип и верзија на оперативен систем, уникатен идентификатор на уредот, прелистувач, јазик на пребарувач како и сите останати податоци за системи и типови на платформи од трети лица кои се регулирани според нивните политики за приватност.
Податоци за користење Статистчки податоци за Вашите интеракции со услугите, вклучувајќи ги курсевите, времетраењето на страниците или услугата, посетените страници, користените функции, вашите пребарувања, податоци за кликање, датум и време и други податоци во врска со Вашето користење на услугите.
Податоци за локација Податоците за локација вклучуваат информации како земја, град и географски координати, пресметана врз основа на вашата IP адреса.
Колачиња Варп Спарклс има право на корисничките уреди да инсталира колачиња (текстуални датотеки кои се складирани на интернет сервер и се пренесуваат на Вашиот веб пребарувач при посета на нашата веб страна)
  1. Безбедност

Варп Спарклс посветува особено внимание кон собирање, обработка и чување на лични податоци на Корисниците, со цел подобрување на услугите а во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Република Македонија. Варп Спарклс презема соодветни безбедностни мерки за заштита на личните податоци на Корисниците од неовластен пристап, менување, откривање или уништување. Овие мерки варираат врз основа на видот и чувствителноста на податоците. Меѓутоа, за жал, ниеден систем не може да биде 100% безбеден, така што не можеме да гарантираме дека комуникациите помеѓу Вас и Варп Спарклс ќе бидат заштитени од неовластен пристап од страна на трети лица. Вашата лозинка е важен дел од нашиот безбедносен систем, и е Ваша обврска да ја заштитите. Не треба да ја споделите Вашата лозинка со која било трета страна, и ако сметате дека Вашата лозинка или сметка е компромитирана, веднаш треба да ја промените и да не контактирате на info@warpsparkles.com. Варп Спарклс посветува особено внимание за заштитата на личните податоци, но не превзема одговорност во наведените случаи: виша сила, случајни настани или злонамерни дејства на трети лица, како и во случаи кога Корисникот самиот ги приложил овие информации достапни на трети лица.