Предности на онлајн курс

Ако го читате текстов, значи веќе сте информирани за нашата платформа и веројатно размислувате за некој од нашите онлајн-курсеви. Но – можеби нешто сè уште ве кочи; на пример, немате многу искуство со онлајн-учењето и не знаете што може да очекувате.

За да ви помогнеме да ги решите дилемите, ќе ви помогнеме со неколку предности и придобивки од учењето преку онлајн-курсеви.

  1. Флексибилен распоред и средина.

Учејќи преку онлајн-курсеви, сами ја избирате средината што најдобро одговара на вашите потреби – тоа може да е вашата спална соба, вашата канцеларија, омиленото кафуле, па дури и салата во која вежбате. Зарем тоа не е прекрасно? Освен тоа, може да учите кога вам ви одговара, без да се приспособувате на нечиј друг распоред, туку напротив, приспособувајќи ги онлајн-курсевите на вашиот секојдневен распоред.

  1. Онлајн-курсевите се најевтините курсеви на пазарот.

Онлајн-курсевите се поевтини од другите курсеви бидејќи и нивната реализација чини помалку од реализацијата на традиционалната настава, па ви овозможуваат истовремено да заштедите и сепак да ги научите вештините што сакате да ги поседувате.

  1. Самодисциплина, мотивација и одговорност.

Самодисциплината е добра особина, а точно е дека учењето онлајн бара повеќе самомотивација и поради тоа ги подобрува и вашите вештини за организирање на времето, со оглед на тоа што сами треба да си ги организирате распоредот и извршувањето на задачите, без некој физички присутен да ве држи фокусирани на роковите. Гледајте го тоа на овој начин: со онлајн-курсот нема само да научите некоја нова вештина или алатка туку ќе станете и подисциплинирани, помотивирани и поодговорни, што секако дека ќе ви биде корисно и понатаму во животот.

  1. Повеќе интеракција и можност за подобра концентрација.

Ако сте посрамежливи и поповлечени како личност, онлајн-курсевите се совршени за вас бидејќи ви овозможуваат да се истакнете без да мора да се соочувате со тремата од одговарање или поставување прашања пред другите. Едно истражување покажало дека студентите што посетувале онлајн-настава почувствувале подобрување во концентрацијата поради недостигот на одвлекување на вниманието од страна на други студенти.

  1. Можност за подобра професионална биографија (CV).

Не е важно во која точка се наоѓа вашата кариера во овој момент; завршениот онлајн-курс секогаш ќе изгледа добро во вашата професионална биографија. Им покажува на вашите потенцијални работодавци дека сте посветени на учење и расположени за ново знаење и за нови вештини. Голем број истражувања покажале дека менаџерите за човечки ресурси воопшто не ги сметаат сертификатите стекнати преку онлајн-курс за поинфериорни во однос на оние стекнати со традиционална настава (токму спротивното!). Со завршен онлајн-курс, станувате подобар кандидат за унапредување на работа или за вработувањето за кое аплицирате.

  1. Онлајн-учењето е учењето на иднината.

Онлајн-учењето го прифаќа предизвикот на светот што толку брзо се менува на начин на кој традиционалната настава никогаш не би можела. Кога ќе се појави некаква нова информација или ново откритие во определена област, препечатувањето нови материјали и нивното пуштање во функција се многу побавен и поскап процес од едноставното дополнување или менување на материјалот достапен во онлајн-курсот. Така, онлајн-курсевите имаат можност секогаш да ги поседуваат најсвежите сознанија од која било област, поради што онлајн-учењето се смета за учење на иднината.

  1. Онлајн-учењето е единствениот начин за време на епидемии и кризни состојби.

Актуелната состојба со коронавирусот ги затвори училиштата и сите други институции каде што се одвива некаков вид настава, па онлајн-учењето е единствениот начин на учење што засега ни стои на располагање. Сепак, и тоа може да се гледа од позитивната страна: сега конечно сите имаме време да го научиме баш она што долго сме посакувале да го научиме. Па, искористете ги вонредната состојба и периодот на самоизолација за да направите нешто добро за себе.

Затоа, не двоумете се, погледнете ги обуките што ги нудиме  и придружете ни се.

 

Ве очекуваме,

Тимот на Варп Спарклс