Колку го познавате мајчиниот јазик?

Има разлика меѓу „сфаќа“ и „сваќа“. Има и меѓу „Отидов да јадам луѓе“ и „Отидов да јадам, луѓе“. Во вториот случај една запирка спасува животи.

Веруваме дека не би се довеле во ситуацијата од вториот пример, но познавањето на мајчиниот јазик ни е на сè пониско ниво.

Доброто познавање на граматиката и на правописот може да нè спаси од многу недоразбирања. Граматиката и правописот нè учат како правилно да го употребуваме јазикот. Благодарение на нив, правиме разлика меѓу „поради“ и „заради“ и знаеме кога да кажеме „нив“, а кога „ним“. Секако дека ние се разбираме меѓу себе и без доволно познавање на овие правила, но многу ни се потребни доколку сакаме да составиме некаков текст, на пример.

Значи, клучното познавање на мајчиниот јазик е важно, но не е секогаш лесно да се почне. Училишните денови се далеку зад нас, па каде сега да ги најдеме најважните граматички и правописни правила (и исклучоците од овие правила)?

Ние ви го препорачуваме нашиот „курс по мајчин јазик“, односно онлајн видео обуката за правилна употреба на македонскиот јазик.

Станува збор за детален преглед на најчестите правописни и граматички грешки со кои секојдневно се среќаваме – на интернет, во медиумите, на билбордите и другите рекламни содржини, во секојдневната комуникација. Елементарни, но клучни правила за пишување и изразување. Корисна за млади новинари или писатели што тукушто започнуваат, но и за сите оние што сакаат да ја подобрат целокупната употреба на јазикот.

Правила за пишување на гласовите, употреба на мала и на голема почетна буква, слеано и разделено пишување на зборовите, скратеници и скратувања, интерпункциски и правописни знаци, конкретни примери на јазични грешки и, на крајот, тест за проверка на знаењето.

Почнете уште сега, никогаш не е доцна да го научите и подобрите сопствениот јазик.

 

Ве поздравувам,

Кристина