Incoterms, лесно како песна

Во светот на трговијата за да се остане конкурентен потребни се лојални купувачи, оптимизирани трошоци, стабилен пазар. Да се одржи балансот на овие три убавини е навистина голем предвизик. Мотив на секоја помала фирма и голема компанија е профитен апетит. Самата потреба за зголемување на профитот, води кон тоа секоја една мала фирма или голема компанија да го проширува пазарот на трговска соработка, така што потребата од надворешна трговија е неопходна.

Можете ли да замислите колку еден производ патува пред да дојде во вашите раце како потрошувач? Предолго е одговорот! Стоката се движи како жива материја, од раце на раце, од место на место, преку различни трговци на големо, трговци на мало, посредници, различни помагачи за на крај да стигне до Вас крајните потрошувачи. Значи, стоката патува и низ тоа патување се склучуваат безброј трговски договори помеѓу договорните страни. Склучување на трговски договор е неопходно поради пренос на сопственост, обврски и одговорности на производот од продавач кон купувач.

Една многу паметна институција во светот т.н. Меѓународна трговска комора, со членови интелектуалци, што од интелект, што од мака во праксата, на секои 10 години создаваат се поусогласени олеснувачи на трговијата, драги читатели станува збор за моќните предвесници на Глобализацијата, т.н Инкотермс, трговски или комерцијални правила/услови. Инкотермс кратенката е настаната од почетните букви на зборовите:

 ИНтернационални КОмерцијални ТЕРМС (превод: Услови)

Кога не би постоеле Инкотермс, верувајте целиот процес на патување на еден производ би бил многу долг, макотрпен и со големи правни недоследности помеѓу договорните страни. Со Инкотермс се создаде една унифицирана платформа на трговски односно комерцијални правила, валидна за сите учесници во трговскиот процес. Со инкотермс сите прашања од типот, кој треба да плати, кој е одговорен за транспортот, кој превзема ризик ако се оштети пратката, кој известува кого, се точно дефинирани. Моќта на само 3 букви е прогресивна, често ќе сретнете EXW или DDP, FCA, FOB, CIP итн се до вкупно 11 од последната верзија на Инкотермс 2010та година.

Доколку интересот ве води кон потреба да се едуцирате на оваа тема, не двоумете се, друштвото за интернет едукација Варп Спарклс, само за Вас ви нуди неколку часовен видео тренинг за Основи на Инкотермс – Комерцијални услови, спакувано долгогодишно знаење од пракса на само едно место и тоа онлајн достапно 24/7, 365 дена во годината. Вашето знаење ќе биде надградено со способност да препознавате во праксата кој инкотерм најдобро да биде искористен во зададен случај.

Само една година е пред нас од новата верзија на Инкотермс 2020та година, затоа побрзајте научете ги сегашните апликативни трговски правила.

Пристапете на следниот линк https://www.warpsparkles.com/courses/incoterms-trade-terms, за полесно и поедноставно да се вклопите во наредните Инкотермс од 2020та година.

Инволвирајте се веднаш!

Елена, Варп Спарклс