Политиката за Заштита на Интелектуална Сопственост на Варп Спарклс е последен пат ревидирана на дата: 01-11-2018
Верзија 1

Политика за Заштита на Интелектуална Сопственост

Мисијата на Варп Спарклс ДОО (“Варп Спарклс", “ние", “нас", и “нашите") е надгради ја твојата способност, негувај ги своите вештини. Ние за Вас (“Вас”, “Тренер”, “Вие”) овозможуваме онлајн веб платформа каде можете да ги споделите Вашите видео материјали достапни 24/7 на широк аудиториум. Ние сметаме дека нашиот модел на пазарот е најдобар начин да се споделат Вашите професионални вештини научени од пракса. Сепак, за нас е важно дека тренерите кои објавуваат курсеви преку платформата на Варп Спарклс, ја почитуваат интелектуалната сопственост на другите. Кога тренерите испраќаат курсеви на нашиот пазар, тие ветуваат дека имаат неопходно овластување или права да ги користат сите содржини содржани во нивните курсеви. Прекршување на политиката за Заштита на Интелектуална Сопственост не се толерира на или преку нашата платформа.

Оваа политика се однесува на она што го превземаме во случај на кршење на авторските права и повреда на трговски марки во однос на содржините споделени на веб страната www.warpsparkles.com. Политиката, исто така, се осврнува на она што го превземаме кога содржините споделени на Варп Спарклс веб платформата се копирани на платформи од трети лица, без наша согласност.

Правилото на Варп Спарклс е да ги отстрани курсевите од нашата веб страна, кога тие се пријавени од сопственикот на оригиналната содржина како кршење или повреда на авторските права. Дополнително, нашата политика е да ги отстраниме сите курсеви од било кој тренер кој е пријавен како повторлив прекршител (за кого Варп Спарклс има добиено повеќе од две валидни известувања за отстранување). Ние го задржуваме правото да ја прекинеме сметката на тренерот во секое време, вклучувајќи и кога објавуваат содржини кои ги прекршуваат авторските права на другите.

Како да поднесете извештај!

Ако сакате да пријавите кршење или повреда на авторско прави на објавен курс на нашата платформа и ако сте сопственик на содржината за која мислите дека курсот ги крши авторските права, најефикасен начин е да се користи формулар “Жалба за прекршок на авторски права”. Извештајот во форма на формулар потребно е да ни го испратите електронски на: info@warpsparkles.com, со напомена “Жалба за прекршок на авторски права”

Пред да поднесете жалба за кршење на авторски права, запомнете ги овие важни работи:

  1. Не можеме да обработиме барање за авторски права што не е поднесено од сопственикот на авторското право. Ова е затоа што немаме лесен начин да дознаеме дали тренерот кој ја објавил содржината на пријавениот курс добил соодветна дозвола од сопственикот за користење на содржината. Ние ќе побараме од Вас да дадете цврсти доказ/и за да потврдите дека сте сопственик на авторски права.
  1. Вашата жалба за кршење на авторски права треба да биде доволно поткрепено со факти за да можеме да го решиме. Ова значи:
    • Да дадете доволно информации за да Ве контактираме, вклучувајќи го и Вашето полноправно име, електронска пошта, адреса на живеење и (опционално) телефонски број;
    • Ако поднесувате извештај во име на организација, да го вклучите и името на организацијата и Вашиот однос со организацијата;
    • Вие прецизно го идентификувате оригиналниот материјал заштитен со авторски права или, ако во Вашето известување се опфатени повеќе дела со авторски права, треба да обезбедите репрезентативна листа на таков оригинален материјал;
    • Да дадете доволно информации за да ги лоцираме курсевите што се прекршуваат, на веб страната Варп Спарклс (URL-то на нашата веб страна и точниот назив на курсот и тренерот);
    • Додавате изјава во која се вели: “Изјавувам, под казна за лажно сведочење, дека информациите во оваа жалба се точни и дека јас сум сопственик на авторските права или сум овластен да дејствувам во име на сопственикот на авторските права”; и “имам добра волја за начинот на кој се жалам дека употребата на материјалот не е одобрен од сопственикот на авторските права, неговиот агент или законот".
  1. Свесно поднесување на погрешен прекршок или погрешно тврдење за прекршок е незаконско и за истото ќе сносите одговорност и како резултат треба да платите отштета. Варп Спарклс го задржува правото да бара надомест на штета од секој кој поднесува погрешна пријава за тужба за повреда на законот.
  1. Постојат видови на содржини кои не се заштитени со авторски права. Законот за авторски права не опфаќа кратки фрази (како што се деловни имиња, наслови на книги и слогани), нематеријални концепти (како процеси, идеи и рецепти) или факти. Пред да поднесете барање за авторски права, осигурајте се дека содржината копирана во курсот е навистина заштитена со авторски права. Ако треба да пријавите повреда на трговска марка, ве молиме следете ги чекорите опишани во делот “Како да поднесете извештај за прекршување на трговска марка”
  1. Размислете дали користењето на Вашиот материјал во курсот е “фер употреба". Закон за авторски права вклучува исклучок “фер употреба" за одредени намени на содржини со авторски права кои се сметаат дека се од јавен интерес. Фер употреба опфаќа работи како критика, коментар, известување за вести и истражување. Кога разгледувате дали користењето на вашиот материјал се квалификува како фер употреба, треба да ги погледнете:
    • Целта на користењето (без разлика дали курсот е платен или бесплатен, без разлика дали курсот го критикува / е пародија на / или го трансформира вашиот материјал)
    • Тип на авторско дело кое се користи (без разлика дали Вашата работа е фактичка или креативна)
    • Делот што се користи (дали курсот користи мали, неопходни извадоци од Вашиот материјал или значителни делови од него)
    • Ефектот на пазарот за Вашиот материјал (без разлика дали потенцијалните купувачи ќе го купат курсот наместо Вашиот материјал)

Пред да поднесете жалба за кршење на авторски права, осигурајте се дека содржината не се квалификува како за фер употреба.

Контра-известување!

Доколку добиеме валиден извештај за кршење на авторските права, ние ќе испратиме копија од тој извештај до тренерот кој го објавил пријавениот курс заедно со известување преку е-маил дека 1) се пријавило за повреда на авторски права и 2) го отстрануваме курсот од веб страната на Варп Спарклс. Ние исто така ќе приложиме формулар кој тренерот може да го пополни и да ни го испрати назад за да поднесеме контра-известување. Ако Вашиот курс е пријавен за прекршување на авторските права и е отстранет од платофмрата на Варп Спарклс, и ако мислите дека сме направиле грешка или ако може да приложите дозвола од сопственикот на пријавената содржина да ја користите таквата содржина во Вашиот курс, тогаш може да ни пратите формулар за контра-известување.

Најдобар начин да ни дадете контра-известување е да го пополните формуларот што ќе Ви го доставивме и да го испратите назад до Варп Спарклс. За да биде ефективно, контра-известувањето мора да биде во писмена форма и да ги содржи следните информации:

  • Вашиот физички потпис;
  • Вашето име, адреса на живеење и е-адреса или телефонски број,
  • Идентификацијата на курсот кој е отстранет и локацијата (URL-то) на која се појави пред да биде отстранет (можете да пристапите до оваа информација од извештајот за кршење на авторски права поднесена против Вашиот курс, секогаш приложуваме копија кога ќе Ве известиме);
  • Изјава под казна на лажно сведочење дека имате добра намера и верување дека материјалот бил отстранет или оневозможен како резултат на грешка или погрешно идентификување на материјалот што треба да се отстрани или оневозможи; и
  • Изјава со која се согласувате (1) Варп Спарклс да го сподели Вашето име и информации за контакт со барателот; (2) примање на службена постапка за какво било правно дејство на барателот или застапник на подносителот на барањето и (3) прифаќање на надлежноста на државен суд за судската област во која живеете

Свесно поднесување на лажно или погрешно контра-известување е незаконско и за истото ќе сносите одговорност и како резултат треба да платите отштета. Варп Спарклс го задржува правото да бара надомест на штета од секој кој поднесува погрешна пријава за тужба за повреда на законот.

Извештај од тренер за прекршување на авторско право на други платформи

Ние разбираме дека кога ќе објавувате Ваши курсеви на Варп Спарклс онлајн платформата, сакате да бидете сигурни дека нема да бидат споделени на друга платформа без Ваша дозвола. Ние гарантираме дека курсевите објавени на нашата веб платформа нема да бидат споделени од нас према друга платформа, без Ваша дозвола, се додека споделувањето на курсот не е за намена на зголемувње на интересот за посетеност или промоција на Вашиот курс. Доколку увидите дека Вашиот курс е споделен на друга платформа за други наведени причини освен погоре споменатите, Ве молиме да не известите на е-маил: info@warpsparkles.com

Извештај за нарушување на трговски марки на трети страни

Политиката на Варп Спарклс е да ги отстрани курсевите од нашата веб страна, кога тие се пријавени како прекршување на трговска марка на трета страна. Ние, исто така, го задржуваме правото да ја прекинеме сметката на тренерот во секое време, вклучително и кога објавуваат курсеви кои ги прекршуваат правата на трговска марка на други. 

Како да поднесете извештај за прекршување на трговска марка

Најбрз и најлесен начин да поднесете извештај за повреда на трговска марка е да ни испратите е-маил на: info@warpsparkles.com, со напомена “Жалба за прекршок на трговска марка”. Забележете дека копија од вашето известување ќе биде испратена до трета страна која ја има објавено содржината за која репортирате. Пред да поднесете извештај за повреда на трговска марка, запомнете ги овие важни работи:

  1. Вашето барање за трговска марка треба да биде доволно поткрепено за да можеме да го адресираме. Ова значи дека вашата комуникација мора да содржи значително следново:
    • Целосни Ваши контакт информации (полно име, поштенска адреса, е-мејл или телефонски број)
    • Специфичниот збор, симболот и слично за кој барате права за трговски марки
    • Основа за вашето барање за правата за трговски марки (како што е правна регистрација), вклучувајќи го и регистарскиот број, доколку е применливо
    • Земјата или јурисдикцијата во која барате права за трговски марки
    • Категоријата на стоки и / или услуги за кои Вие ги наложувате правата
    • Доволно информации за нас да го лоцираме материјалот на Варп Спарклс за кој сметате дека ги крши Вашите права за трговски марки (веб-адреси / URL на содржината која наводно ги прекршува)
    • Опис за тоа како мислите дека оваа содржина ја прекршува Вашата трговска марка
    • Ако не сте сопственик на трговската марка, објаснување за Вашиот однос кон носителот на правата
    • Следнава изјава: “Имам добра намера да верувам дека користењето на трговската марка како што е опишано погоре на начинот на кој се жалам, не е дозволено од сопственикот на трговската марка, неговиот застапник или законот"
    • Следнава изјава: “Информациите во ова известување се точни и пријавувам, под казна за лажно сведочење, дека сум сопственик или овластен да дејствувам во име на сопственикот на трговска марка, која е наводно прекршена"
    • Вашиот електронски потпис (проследено со вашето целосно име) или физички потпис
  1. Доставувањето на лажно или погрешно тврдење за прекршок е незаконско и за истото ќе сносите одговорност. Варп Спарклс го задржува правото да бара надомест на штета од која било страна која поднесува лажно известување за повреда на трговска марка.
  1. Размислете дали користењето на вашата трговска марка во курсот е “фер употреба". Законот за трговски марки ја штити употребата на име или бренд за продажба на производи и услуги, со цел да се спречи конфузијата на потрошувачите. Законите на повеќето земји вклучуваат исклучок за “фер употреба", што им овозможува на другите да користат трговска марка за фактичко реферирање на производ или услуга со траговска марка, или коментирање или критикување на трговската марка. Пред да поднесете барање за трговска марка, осигурајте се дека користењето на Вашата трговска марка не се квалификува како фер употреба.