Техники за успешнo CV и интервју


Моника Лешниковска
Нема оцена
1,500 ден
1 студент

Дали барате работа?

Можеби сте студент, дипломец, невработен или пак вработен кој сака да промени работно место или дејноста во која веќе работите. Огласот кој сте го одбрале ја опишува вашата идеалната работна позиција во која се пронаоѓате и сакате да аплицирате.

Неопходно е да се подготвите, запомнете го тоа без разлика на вашето искуство или неискуство! Потребно е да ја креирате од нула или да ја надградите вашата последна верзија на биографија, со цел таа да зборува за вас место вас.

Оваа обука ќе ви помогне правилно и соодветно да ја креирате вашата биографија. Ќе ви ги раскаже оние трикови и тајни на занаетот кои не би ги дознале до првите неколку ваши интервјуа, а можеби и повеќе. Се на едно место спакувано визуелно за да не губите време во читање и потрага на бесконечните информации преку онлајн пребарувачите. Ќе ве насочиме како да ги прикажете своите квалитети, искуство и вештини за да се издвоите од купот на биографии кои пристигнуваат до секторот за човекови ресурси на организациите.

Обуката е распределена во 5 модули, кои ќе ви овозможат да се стекнете со потребните знаења за секоја од одделните фази на процесот на селекција и регрутација.

  1. Во првиот модул ќе имате прилика да се запознаете со начините за избор, соодветно креирање на биографијата и начинот на аплицирање.
  2. Во вториот модул се осврнува внимание на самото интервју како најчест метод на селекција и прв лице во лице контакт со потенцијалниот работодавач.
  3. Понатаму преминуваме на видовите на интервјуа од кои можете да бидете дел во рамките на самиот процес како и што СЕ можете да очекувате, сеопфатено во третиот модул.
  4. Во четвртиот модул ќе дадеме краток но значаен осврт на невербалната комуникација – она кое што зборува без да го говорите, а зборува посилно од вашите зборови.
  5. На крајот, во петиот и последен модул ќе бидат разгледани и разработени најчестите прашања кои се поставуваат од страна на регрутерите, како општи-генерални прашања, прашања за работното искуство, бихејвиорални прашања применливи за секаков тип на позиција.

Успехот се крие во поготовката и навремена информираност. Направете го тоа денес, помогнете си сами на себе.

Тренер

Моника Лешниковска

Магистер по деловно право со особено искуство во трудовото право и човечките ресурси, во повеќе компании со различни дејности. Бележи проактивност, амбициозност и посветеност за вработените и клиентите, преку активно слушање на нивните потреби и задржување на активностите на двете страни во законски рамки. Го почитува фактот дека луѓето се предводени од перцепција и емоции, што придонесува кон успешно и ефективно менаџирање со човечките ресурси во компанијата. Едуциран тренер кој поседува вештини за пренесување на знаењето засновани на многубројни обуки и семинари, во релација со спроведување на интервјуа и onboarding процеси на вработени во повеќе компании.

0.00 врз основа на 0 оценки

5
0%
4
0%
3
0%
2
0%
1
0%

Информации

  • Времетраење 3 hour
  • Студенти 1
  • Сертификат за завршувањеДа
  • Достапност24/7