Ситуациско Лидерство * со флексибилност до успех

Admin bar avatar

Елена Блажевска
Нема оцена
3,500 ден
2 students

ПРЕКУ ФЛЕКСИБИЛНОСТ ДО УСПЕХ! 

Самата видео онлајн обука се состои од 5 лекции. Преку првата лекција ќе научите за Исклучителна вредност и зошто Ситуациско Лидерство е стилот на иднината? Потоа ќе имате можност да се запознаете со 10 карактеристики на Ситуациски Лидер. Во третата лекција ќе ве воведам во Методи и начините на пристап како да делувате со стил на лидер во зададени ситуации. Веќе во четвртата лекција ќе се стекнете со знаење како да изградите Ефикасен тим или “тимот од соништата” преку соодветни техники, а ќе ви прикажам и некои од светски рангираните моделите за тимска ефикасност. За крајот, оваа обука ќе ја заокружам со завршните зборови како вие би ја изградиле големата слика за Ситуациско Лидерство.

Околу концептот на оваа онлајн видео обука, се состои од голема дата база на информации и теории, спакувани во анимирани репрезентативни слајдови со графички и табеларни прикази. Нудиме можност да на ваше доброволно барање ви испратам прашалници и квизови (контакт elena@warpsparkles.com) за да осознаете и декетирате некои ваши способности, на тој начин би отвориле една индиректна интеракција, а има и доста други моменти кои ќе оставам да ве изненадат.

Кога се зборува за ситуациско лидерство, стилот на иднината, се зборува за адаптивен стил на лидерство. Под адаптивен стил се подразбира, да лидерот одбере различен пристап во различна ситуација или различен пристап при иста ситуација. Ситуациско лидерство е стил на избор за организации ширум светот кои сакаат да го постигнат следново:

  • Развој на вработените и работни групи
  • Инволвирање на вработените од сите нивоа кон остварување на компаниските цели
  • Заеднички стил на лидерство во сите единици и функции во една организација, било да е тоа локално, национално или меѓународно

Ситуациско лидерство е флексибилно. Лидерот се прилагодува на работното опкружување и потребите на организацијата. Овој стил не се заснова на специфична вештина на лидерот; наместо тоа, тој или таа го модифицираат и адаптираат стилот на управување за да одговараат на барањата на организацијата. Ситуациски лидер е иднината на водењето организации, во динамика, различности, трансформации и ефикасност преку тимски успеси!

Тренер

Admin bar avatar Елена Блажевска

Дипломиран Економист по Интернационална Трговија со долго годишно работно искуство во областа на логистика, планирање и набавки и скромно познавање во областа на банкарство. Креативност, проактивност, прецизност, ефикасност, комуникативност, доверливост се дел од способностите кои ги поседува. Професионален и инспиративен лидер со голем спектар на едукативни теми за споделување. Jасни и ефективни насоки за обука се оние кои ги почитува и практикува. За поддршка и консултација можете да ја побарате во секое време.

0.00 врз основа на 0 оценки

5
0%
4
0%
3
0%
2
0%
1
0%

Информации

  • Времетраење 7 hour
  • Студенти 1
  • Сертификат за завршувањеДа
  • Достапност24/7