Основи на Excel

Admin bar avatar

Елена Б.
Нема оцена
2,000 ден
0 студент

Познатиот Американец Вилијам Едвардс Деминг, воедно инжeнер, статистичар, професор, и автор споделил интересен цитат, велејќи “Без податоци, вие сте уште една личност со мислење”. Надворзувајќи се на овој моќен цитат кој е суштински реален, за да не бидете уште една личност со мислење, треба да знаете како да зборувате со факти базирани на податоци. Затоа тука е програмот за табели  “Excel”, практичен, лесен, едноставен и флексибилен за употреба.

Агендата на оваа 5 часовна онлајн видео обука е составена од 5 генерални точки и тоа (погледнете во Материјал… ):

  1. Што е Excel и малку од историјата
  2. Зошто да знам Excel?
  3. Пристап и запознавање со алатките на Excel
  4. Функции, форматирање, табели
  5. Практични вежби

Вештините на Excel се вредни за секое работното место и позиција. Студиите покажуваат дека напредните дигитални вештини може да ви помогнат да наjдете подобра работа. Освен тоа, доколку станете Excel корисник, тоа ќе ве направи попродуктивни во текот на вашиот работен ден. Откако ќе ги научите алатките и функционалностите на Excel кратенките, базични формули и форматирање на ќелиите и табели, ќе можете да работите побрзо и поефикасно.

Вежбајте упорно, не се откажувајте лесно! Бидете личност со податок, не мислење!

Тренер

Admin bar avatar Елена Б.

Дипломиран Економист по Надворешна Трговија со 8 годишно работно искуство во областа на логистика, планирање и набавки и 1 година во областа на банкарство. Креативност, проактивност, прецизност, ефикасност, комуникативност, доверливост се дел од способностите кои ги поседува. Професионален и инспиративен лидер со голем спектар на едукативни теми за споделување. Jасни и ефективни насоки за обука се оние кои ги почитува и практикува.

0.00 врз основа на 0 оценки

5
0%
4
0%
3
0%
2
0%
1
0%

Информации

  • Времетраење 5 hour
  • Студенти 0
  • Сертификат за завршувањеДа
  • Достапност24/7