Емоционална Интелигенција во професионалниот свет

Admin bar avatar

Леонида Ризаова
Нема оцена
1,500 ден
2 students

Ова е интензивна и практична обука која ќе го предизвика вашиот светоглед и ќе ја постави вашата перспектива далеку над онаа на просечниот човек. Ако работите или се спремате да работите во окружување каде вашиот главен ресурс се луѓе, без разлика дали станува збор за соработници или клиенти, пожелно е да знаете како да им пристапите и како да се поставите за да го извлечете најдоброто од нив во вашата комуникација.

Во 6 кратки и динамични презентации со вкупно времетраење од 3 часа ќе ви ги претставам основите на емоционалната интелигенција и ќе ви објаснам 5 стратегии, 3 техники и 7 совети за успешно менаџирање на емоциите кај себе и другите лица. Овој курс се заснова на искуствено учење, така што учесниците ќе бидат поттикнати и насочени да истражуваат и работат на себе, вежбајќи техники кои можат да ги користат во нивните организации и лични релации, заедници и други социјални средини.

Целта на оваа обука е да ви обезбеди познавање и насоки за продлабочување на вашите компетенции за соработка и конструктивно дејствување во социјално окружување. На крајот од овој курс ќе

  • Имате зголемен вокабулар на зборови за емоции
  • Препознавате стратегии за емоционално саморегулирање во работните средини: Избор на ситуација, модификација на ситуацијата, повикување на претходно доживеана емоција и др
  • Разбирате како можете да комуницирате од ниво на емпатија. Со малку практикување на техниките од оваа лекција ќе научите како секоја ситуација да ја донесете на ова ниво.
  • Разбирате што се случува во моментите на интензивна емоција кај вас и кај другите луѓе и кои реакции придонесуваат кон градење а кои кон ослабнување на длабоките врски. Со малку практикување на техниките од оваа лекција ќе научите како умешно да ги искористите тензичните ситуации во конструктивни цели.
  • Забележите зголемување на целокупната перцепирана емоционална интелигенција, мерена со самопроценка на почетокот и на крајот од обуката.

 

Тренер

Admin bar avatar Леонида Ризаова

Леа Ризаова е Дипломиран Туризмолог од Скопје. Работи во медиумски проекти и на јавни настапи од раното детство, а во текот на средното образование се вклучува во невладиниот сектор, каде е активна повеќе од 16 години. Во меѓувреме, таа започнува да работи во туристичкиот сектор како водич, како планер и организатор на тури во 11 земји. Денес е сопруга, мајка, јутубер, претприемач и коосновач на неколку компании од областа на туризмот и неформалната едукација. Таа е страствена да го сподели знаењето што го стекнува во рамки на секој нов проект со кој се занимава. Неформалното образование и личниот развој се најнов предизвик што го презема: пишува и истражува иновативни пристапи за учење од пазарот, со крајна цел да ги инспирира младите луѓето да ја искористат својата шанса во професионалниот свет.

0.00 врз основа на 0 оценки

5
0%
4
0%
3
0%
2
0%
1
0%

Информации

  • Времетраење 3 hour
  • Студенти 1
  • Сертификат за завршувањеДа
  • Достапност24/7