Работниот ангажман е секојдневие на секој човек.
Човечките ресруси се широка материја која вклучува повеќе фази и процеси, кои во зависност од степенот на развиеност на компанијата, можат да бидат (не)применливи. Правните аспекти на човечките ресурси се од суштински карактер и се дел од секоја компанија без оглед на дејноста.
Знаењето на вашите права Ви овозможува да се заштитите при реализација на работниот ангажман, како и правилна примена на правото од страна на работодавачот.
Онлајн видео обуката се состои од 5 (пет) модули кои ќе Ви дадат јасна слика за правните аспекти на човечките ресурси, преку утврдување на типовите работен ангажман, видовите договори во пракса во релација со соодветните сличности и разлики, како и елементите на овие договори во првите 3 (три) модули. Четвртиот модул е посветен на постапката за евидентирање на заснованиот работен однос, користење на електронската платформа, и соработката со институции надлежни за оваа материја. Последниот, односно петиот модул од оваа обука се однесува на престанокот на работниот ангажман, видови на престанок на работен однос, постапката и потребните акти за конкретниот престанок во релација со обврските на договорните страни.
Во рамките на материјалите во прилог следат и акти од трудовото право, за чија употреба е неопходно да ги приспособите на конкретната ситуација во компанијата во која се наоѓате.
Самата онлјан видео обука е без ограничувачки карактер, односно истата е примелива и корисна за сите вработени, невработени лица, како и лица ангажирани по друг основ. Дополнително, можете да го примените стекнатото знаење доколку Вие вработувате или пак сакате да се вработите, без оглед на позицијата или пак дејноста на компанијата.
Вашите права се и воедно ваша одговорност.
0.00 врз основа на 0 оценки