50% попуст со sedidoma

Четиринаесет дена? Цел месец? Неколку месеци? Во време кога целиот свет е во костец со коронавирусот, затворени училишта, испразнети маркети, милиони луѓе во самоизолација и неверојатна паника насекаде, од сите страни се соочуваме со препораки да останеме дома со цел да се заштитиме себеси и другите. И иако неколку дена одмор и време за себе на сите добро би ни дошле, веќе сите се прашуваме до кога ќе трае кошмаров што го живееме, а досадата полека-полека сите нè напаѓа.

Сепак, луѓето низ светот сè повеќе бараат начини да го искористат времето во изолација за нештата што навистина ги прават среќни, а во текот на забрзаниот секојдневен ритам не стигнувале да ги реализираат. Ние можеби немаме серум против корона, но сигурно имаме вистински и проверен начин како самоизолацијата да ја претворите во забава, продуктивност и работа на себеподобрување.

Предизвикајте се себеси да научите нешто ново во текот на овие неколку недели зашто сите оправдувања дека немате доволно време сега веќе навистина паѓаат во вода. Не сте имале време за основите на „ексел“?, Или да се пробате во веб-дизајн, ви создадовме и можност да ги збогатите своите познавања од областа на надворешната трговија – инкотермс или да ги подобрите своите јазични вештини за македонски правопис. Ве мотивираме да почнете уште сега со дури 50 % попуст на сите достапни курсеви. Во процесот на креирање нарачка, искористете го промотивниот код “sedidoma” со кој ќе добиете 50% намалена цена.

А доколку  и самите поседувате вештини и знаења за кои мислите дека би им биле корисни на другите, сега е вистинското време да започнете како онлајн-тренер. Аплицирајте за тренер на нашата платформа и станете дел од нашиот тим.

Сите ние сме предводници на интелектуална еволуција, едуцирај се и сподели!

Ве поздравуваме,

Тимот на Варп Спарклс