Процес од 5 “з” чекори

Процес од 5 чекори, нималку лесни, тежат како еден цел живот. Токму и во тоа е поентата, цел живот, чекори. Секој ден помалку, константно без прекин, чекор по чекор. Застани! Запрашај се! Земи инвестирај во себе! Знај! Засекогаш! Онлајн достапноста на едукативните теми денес ви го олеснува патот на овој процес. Немате оправдување, најмалку дека немате време. Да секако, кога денес е се на автоматско копче и тач, вие немате време. Потребен ви е поинаков фокус, Застани!  и …..

Запрашај се! како втор по ред чекор, затоа што круцијално е претходно да застанеш во момент кога гледаш дека не иде повеќе. Почни, прашувај, барај. Многумина на овој чекор се откажуваат,  единствено затоа што во океанот од прашања, испливува на површина големата потреба. Момент на соочување. Каде, што и дали?

Е токму во тој момент на вашиот мозок дајте му друг начин на хранење. Дајте му високо калорична храна полна со енергија, затоа ….

Земи инвестирај во себе! Едуцирај се на поинаков начин. Инвестирај во нешто сосема ново. Нова вештина, нова професија, нова алатка, нов метод, нов талент. Излези од комфорт зона, биди и ти дел од промената која доаѓа. Слушај онлајн + применувај во пракса, така инвестираш брзо во себе. Различно е од класиката, достапно е без лимити, понудено е од искусни професионалци, на македонски јазик, го имате вашето царство од амбиент, може да го конзумирате повеќе пати и што најважно е понудено онлајн за да го планирате вашето ценето времето.

Два пати слушај, три пати применувај, така Знај! Ако не иде, помножи со 5 на слушај и применувај. Ако пак не иде, помножи со 10 на слушај и применувај, и така Засекогаш!

Останете со нас

Варп Спарклс