Поинаков начин на едукација

Живееме во време на брза еволуција, голем број на успешни приказни, достапност на информации во секој момент, а сепак посакуваме да учиме од експерти кои вештините ги добиле од долгогодишна пракса во професионалниот свет. Едноставна е желбата на секој еден од нас, преферираме и сакаме да учиме од најискусните и тоа со брзина на светлината.

Колку пати до сега сте се откажале од посета на некој тренинг курс поради други приоритети, недостиг на време или едноставно од локациски предизвици или временски непогоди. А колку пати сте се изнервирале кога ви бил откажан или презакажан тренинг курс поради отсуство на тренерот, а да не збориме за прекин на тренинг курсот поради X причини.

Време е за промена на начинот на стекнување на вашето знаење и надградба на вашите вештини. Со задоволство ви ја претставуваме веб платформата за онлајн интернет едукација, Варп Спарклс, достапна за вас 24/7, 365 дена во годината. Посетете не на www.warpsparkles.com и дознајте повеќе за нас, за курсевите кои се нудат, а ако сте во потрага по нешто повеќе време е да не контактирате.

Идеата за овој пристап на едукација кај еден од основачите беше присутна пред повеќе од 5 години. При успешна соработка со вториот основач, идеата се реализираше во Ноември 2018та. Нашата мисија е “Надгради ја твојата способност, негувај ги своите вештини”. Кога една способност ќе се надградува фокусирано и со соодветни инструкции, таа прераснува во моќна вештина. Сакаме да видиме генерации кои интелектуално еволуираат исполнувајќи ги своите потреби брзо и ефикасно.

Веб платформата за онлајн интернет едукација на Варп Спарклс, ви нуди широка палета на вештини спакувани во видео обуки содзадени од тренери кои благородно споделуваат знаење стекнато преку сопствени кариери, доедукации, самоедукации, професионални практики. Цената која ќе ја платите за знаењето кое ви се приложува е во ваша корист. Поради нелимитараната достапност, добивате флексибилност да си го планирате сопственото време во завршување на тренинг обуката избрана согласно ваша потреба. Учите во вашите домови во пријатна атмосфера со можност за паузирање на обуката по ваша желба. Нема откажувања, нема презакажувања, едноставно добивате максимум по ваш избор.

За Вас кои имате неограничено знаење и вештини, а сте немале можност да ја споделите до овој момент, ве охрабруваме да ја започнете вашата кариера како тренер преку нашата веб платформа. Соработката со Варп Спарклс ќе се темели на долгорочна тимска работа, взаемна лојалност и транспарентна комуникација. Aплицирајте за “Стани тренер” на: www.warpsparkles.com/stani-trener.

Како компанија секогаш сме расположени за нови можности за соработка, интелектуално сме надградени да ги исполниме вашите барања и очекувања. За бизнис контакт иницијално сме достапни на е-маил: info@warpsparkles.com.

Да не се заборави, информацијата е корисна само доколку е навремена, а кај нас таа е споделена со Варп брзина.

Ве поздравуваме,

Елена и Мартин, основачите на Варп Спарклс