Знаење од мудри генерации

Вообичаено се обраќаме кон мудрец за некој предизвик за кој немаме решение, барајќи совет како да постапиме. И тоа го правиме онака инстинктивно. Дефинирај мудрец? Тоа е хумана индивидуа полна со животни искуства. Ултра хумана индивидуа која благородно споделува дел од себе за да ти го олесни патот на тебе. А споделува затоа што го изодил патот и знае колку е тешко кога не му се дало она што сега ти го дава, стекнато на потешкиот пат, самостојно со еден тон грешки, напред назад, чекор по чекор, пополека со упорност.

Мудрите генерации несебично споделуваат. А ние ? Се будиме. А што сме чекале? Инспирација. Се плашиме? Да и тоа од конкуренција на мал пазар, зошто тој/таа а не јас. До кога така ? Стоп, да запре тоа сега одма, веднаш. Тоа го посакувам. Посакувам сите да се вклучите, ако се сметате за мудрец, повели покажи што знаеш. Отворена е вратата на веб платформата на Варп Спарклс, https://www.warpsparkles.com/register/

Да не дозволиме да исчезне знаењето на мудрите генерации!!!

Да бараме истото одговорно да се сподели, затоа што вреди едно цело богатсво, не како материјално туку баш напротив како оние највредните, ЗДРАВЈЕ и ВРЕМЕ. Начинот е тука, повелете https://www.warpsparkles.com/stani-trener/.  Едукативните теми кои мудрите генерации треба да ги споделат, треба да ги гледаме како можност за заштеда на потенцијално изгубено ВРЕМЕ а и НЕРВИ. Зашто да го одиме патот кој некој веќе го изодил, научете не па ние ќе го усовршиме, тоа е поентата на еволуцијата, нели. Замислете ја моќта на добиени неколку часа затоа што си постапил како некој пред тебе кој го креирал нештото успешно. Неколку часа да ги искористиш за нешто уште покреативно, твое време, а не да го денгубиш во празно и на крај се наоѓаш пак на истата точка без никакво решение. Ти тежи уште повеќе предизвикот, оти времето поминало а мозокот не се нахранил со ново знаење од каде би произлегло решението. Затоа транспрарентно барај, отвори се и кажи ги твоите потреби за знаење, сега тука https://www.warpsparkles.com/kontakt/

Што би сакале да ве научиме? Спремни сме за вашите желби и потреби… Барај да научиш а потоа споделувај и ти, земи но и дади, тоа е начинот. Поинаков но нема бегање.

Движиме промена!

Останете со нас
Варп Спарклс